БИТОЛА

Жените во фокусот: “КС Групацијата“ го одбележа Меѓународниот ден на жената

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, “КС Групацијата“ организираше низа активности со кои им оддаде признание на жените кои се важен дел од компанијата.Во сите градови каде што работи групацијата, на вработените од женскиот пол им беше подарено цвеќе како симболична благодарност за нивниот труд, професионалност и секојдневен придонес во развојот на компанијата.Во чест на празникот, КС Групацијата организираше и заедничка прослава посветена на жените од компанијата, создавајќи пријатна атмосфера за дружење и одбележување на нивната значајна улога во тимот.Во денешниот динамичен деловен свет, КС Групацијата – составена од седум компании: Агроброд, Евротип, Голд Слот Клуб, Голд Фелициа, Премиум Сејфти Солушн, 77 Софт и 77 Ентертејмент – е значаен учесник во повеќе економски сектори.Со своето разнолико деловно портфолио, групацијата е меѓу лидерите во областите на спортското обложување, забавата, угостителството, ИТ услугите, маркетингот и безбедносните решенија.Со одбележувањето на 8 Март, КС Групацијата уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон создавање работна средина во која се негуваат почитта, еднаквоста и вреднувањето на придонесот на секој член од тимот.

The post Жените во фокусот: “КС Групацијата“ го одбележа Меѓународниот ден на жената first appeared on Bitola News.

Жените во фокусот: “КС Групацијата“ го одбележа Меѓународниот ден на жената


Жените во фокусот: “КС Групацијата“ го одбележа Меѓународниот ден на жената

ПОВРЗАНО

Центарот за Култура – Битола со над 300 настани во 2025 година

STREAMER.MK

Фото: Прогласени најдобрите спортисти во Битола за 2025 година

STREAMER.MK

ФК Јени Маале од Битола на традиционалната 33. по ред забава, “Којотите“ со најава за гостување во Лисабон (фотогалерија)

STREAMER.MK