СЦЕНА

Еве зошто многумина велат дека нашиот фолк-пејач Влатко Миладиноски направил музичка револуција

Најголемото оро во Борис Трајковски Еден од најдобрите фолк-концерти во историјата на Македонија и денес привлекува внимание на социјалните мрежи, Advertisement Впрочем токму таков беше концертот на Влатко Миладиноски во декември минатата година во Борис Трајковски. Принтскрин/ Јутуб Влатко за овој свој концерт ја доби и Златната бубамара на популарноста за фолк-концерт на годината, а деновиве „исплива“ едно нови видео од овој незаборавен настан кое многумина воодушеви. Станува збор за песната „Ај да одје Јано“ изведена заедно со вокалното трио од Танец и фолклорната придружба од студио Блажевски. Принтскрин/ Јутуб Како изгледаше овој незаборавен момент од концертот на Влатко за кој и денес се зборува, погледнете во продолжение: Влатко со својот тим остави силен впечаток кај сите што беа на концертот, што може да се види убаво и од оваа снимка. Принтскрин/ Јутуб Тој успеа сите да ги крене на нозе и да се фатат во едно големо оро какво што не се случило никогаш претходно во оваа сала. Неговата интерпретација и емоциите што ги изнесува на сцената беа наградени со аплауз и овации, а бројни видеа што тогаш се појавија и ги преплавија социјалните мрежи и денес се вирални. Принтскрин/ Јутуб Потсетуваме, Влатко непосредно пред концертот беше гостин во емисијата „Кафе муабети“ кога откри и детали од приватниот живот. Нашиот познат фолк-пејач тогаш отворено зборуваше за своето детство и животот во големото семејство, но и за тоа како почнал да се занимава со музика и што научил од неговиот постар брат, но и од вујко му Војо Стојаноски, за кој вели дека беше глава на семејството. Што друго откри Влатко тогаш, потсетете се тука >>

https://glamur.mk/eve-zoshto-mnogumina-velat-deka-nashiot-folk-pejach-vlatko-miladinoski-napravil-muzichka-revoluczija/
Еве зошто многумина велат дека нашиот фолк-пејач Влатко Миладиноски направил музичка револуција

ПОВРЗАНО

📽️ 📷 МЕЛАНИЈА ТРАМП ЈА ПОКАЖА БОЖИЌНАТА МАГИЈА ВО БЕЛАТА КУЌА Првата дама лично избра илјадници украси и детали

STREAMER.MK

📽️ 📷 И ЛИФТОТ СЕ ВОЗНЕМИРИ ОД НЕЈЗИНАТА БЕСПРЕКОРНА ФИГУРА Дилета Леота заглави меѓу вратите на лифт додека се фотографираше

STREAMER.MK

📽️ 📷 ДИЗАЈНЕРОТ КОЈ ЈА ОБЛЕКУВА ШЕР НАПРАВИ КОЛЕКЦИЈА ОД ВОЛНА ОД „ГЕЈ ОВНИ“ Модната ревија имаше цел- да ги заштити овните отфрлени од …

STREAMER.MK