Времето в сабота, 14 декември, ќе биде променливо облачно наместа со слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.
Температурите ќе бидат во интервал од 2 до 16 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре попладне, во текот на ноќта и в недела ќе има врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 25 l/m²). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег.
Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во понеделник во текот на ноќта и вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег.
Стабилизирање на времето се очекува од средината на следната седмица.
The post ДОЖДЛИВ ВИКЕНД, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Времето ќе се стабилизира кон средина на следната седмица appeared first on plusinfo.mk.
ДОЖДЛИВ ВИКЕНД, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Времето ќе се стабилизира кон средина на следната седмица

