Под дејство на силен циклонски систем со центар над Џенова, денес (понеделник) 26 јануари во Македонија ќе преовладува облачно и нестабилно време со врнежи на повеќе места. Најизразени ќе бидат дождовите, а во источните делови тие повремено ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен јужен и југоисточен ветер, кој на моменти ќе надминува 60 км/час. Локално, условите ќе бидат карактеристични за невреме.
Поради навлегување на постуден воздух од север, особено кон крајот на денот и во вечерните часови, во Повардарието ќе дува засилен северен ветер. На планинските подрачја над 1200–1300 метри надморска височина ќе има врнежи од снег, со зголемување и проширување на снежната покривка.
Во Скопје и околината се очекуваат врнежи од дожд, повремено пообилни во одредени делови од регионот, со засилен ветер најпрво од јужен и југоисточен, а потоа и од северен правец. Во делови од Скопската котлина, ветерот може повремено да достигне или да надмине 60 км/час.
Утринските температури во понеделник ќе се движат од 2 до 10 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 4 до 11 степени. Во Скопје, наутро се очекува околу 6 степени, а дневната максимална температура околу 9 степени.
Поради најавените обилни врнежи, во наредниот период постои зголемен ризик од пораст на водостоите на реките и езерата, како и можност за нивно излевање, што ја зголемува опасноста од локални поплави во текот на новата седмица, доцна вечерва соопшти Славчо Попоски

