СКОПЈЕ

Денес во Скопје ќе има изменет режим на сообраќај заради Задушница

Со оглед на претстојниот верски празник Задушница, во Скопје денес од 06:00
часот стапи на сила изменет режим на сообраќај, како што информира
Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од Одделот за сообраќајна безбедност при Секторот за внатрешни работи (СВР)
Скопје соопштуваат дека движењето на возилата кон градските некрополи Бутел ќе
биде еднонасочно, односно организирано во кружно движење.

Возилата кои ќе се упатуваат кон Бутел ќе се движат по улицата „Бутелска”, потоа
лево по улицата „Александар Урдаревски”, повторно лево по улицата „Боца Иванова”
и на крајот десно до пристапот до гробиштата.

За излез од подрачјето, возилата ќе се насочуваат десно по улицата „Боца
Иванова”, до кружниот тек на улицата „Бутелска”, а потоа лево по истата улица и
десно по улицата „Кемал Сејфула”.

Слични рестрикции на сообраќајот ќе бидат воведени и во околината на некрополите
Камник, Драчево и Ѓорче Петров.

МВР упатува апел до граѓаните да ги почитуваат укажувањата кои ќе ги даваат
полициските службеници на сообраќајниците каде што ќе бидат воведени посебните
мерки.

 

Денес во Скопје ќе има изменет режим на сообраќај заради Задушница


ПОВРЗАНО

🟢 СКОПЈЕ ДОБИВА НОВО ЛИЦЕ: 100 ЕКОАВТОБУСИ

STREAMER.MK

📽️ СКОПЈЕ ПОВТОРНО ЌЕ ЗАСВЕТИ НА 15 ДЕКЕМВРИ Ѓорѓиевски ги повика скопјани и вети шоу за сите генерации

STREAMER.MK

📽️ СКОПЈЕ И ЧАИР СЕ БУДАТ БЕЗ ЃУБРЕ Меџити најави ново поглавје, градот ќе биде гордост на граѓаните

STREAMER.MK