СКОПЈЕ

Денес во Скопје ќе биде воведен изменет режим на сообраќај поради протестот на ССМ

Денес во Скопје ќе биде воведен изменет режим на сообраќај поради планиран протест, соопшти вчера Министерството за внатрешни работи. Протестот, организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија, ќе започне во 12:05 часот. Патеката на движење ќе стартува пред седиштето на ССМ на улицата „Мирче Ацев“. Маршрутата продолжува лево по „Филип Втори Македонски“, потоа десно по „11-ти Октомври“, право по „Димитрие Чуповски“, повторно десно по „Васил Главинов“, право по булевар „ВМРО“ и завршува лево по булевар „Илинден“, пред зградата на Владата на Република Северна Македонија во Скопје. Имајќи го предвид наведеното, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе спроведе мерки за регулирање на сообраќајот по споменатите улици и булевари во главниот град, информираат од МВР. Се упатува апел до граѓаните да ги почитуваат насоките и наредбите издадени од полициските службеници на патиштата по кои ќе се одвиваат учесниците во протестот. Фото: Фејсбук-страница на Министерство за внатрешни работи

Денес во Скопје ќе биде воведен изменет режим на сообраќај поради протестот на ССМ


Денес во Скопје ќе биде воведен изменет режим на сообраќај поради протестот на ССМ

ПОВРЗАНО

🟢 СКОПЈЕ ДОБИВА НОВО ЛИЦЕ: 100 ЕКОАВТОБУСИ

STREAMER.MK

📽️ СКОПЈЕ ПОВТОРНО ЌЕ ЗАСВЕТИ НА 15 ДЕКЕМВРИ Ѓорѓиевски ги повика скопјани и вети шоу за сите генерации

STREAMER.MK

📽️ СКОПЈЕ И ЧАИР СЕ БУДАТ БЕЗ ЃУБРЕ Меџити најави ново поглавје, градот ќе биде гордост на граѓаните

STREAMER.MK