ЗДРАВЈЕ

Грбчевски: Нема да има пушење никаде во затворен простор, во автомобил со дете, пред училишта, градинки…

Каде нема да смее да се пуши со новиот Закон за заштита од пушење? Одговор
побаравме од Никола Грбчевски од Министерството за здравство кој гостуваше во
емисијата Бизнис21 на ТВ21.

„Забрането ќе биде пушење на класични цигари, електронски цигари, и уреди за
загреан тутун во сите јавни и затворени простории. Исто така согласно европските
стандарди, веќе забраните се изнесуваат и надвор на отворен простор, односно
ограничено пушењето на отворен простор. Нема да смее да се пуши ниту во приватен
автомобил доколку во него има дете. Пред влезовите на училиштата и градинките
исто така нема да смее да се пуши, туку ќе мора да има одредена дистанца, а
колкава ќе биде таа, оставаме на совеста на граѓаните. На игралиштата каде што
играат деца ќе биде забрането, за децата да не бидат изложени, односно да не
гледаат како се пуши“, изјави Грбчевски.

Целата изјава на оваа тема низ следното видео:

Грбчевски: Нема да има пушење никаде во затворен простор, во автомобил со дете, пред училишта, градинки…


ПОВРЗАНО

📷 ОПАСНА СПЕРМА СТИГНАЛА И ВО МАКЕДОНИЈА, НЕКОИ ДЕЦА ВЕЌЕ ПОЧИНАЛЕ Донатор со мутација станал татко на 197 деца

STREAMER.MK

🎥 РЕДОВНОТО ПУШЕЊЕ МАРИХУАНА НОСИ ИСТ РИЗИК КАКО ХИПЕРТЕНЗИЈАТА И ХОЛЕСТЕРОЛОТ Кардиолог предупредува дека пушењето џоинт можеби не е толку …

STREAMER.MK

🎥 ОПТОМЕТРИСТ ПРЕДУПРЕДУВА НА ВИЗУЕЛНИ СИМПТОМИ ШТО НЕ СМЕЕ ДА СЕ ИГНОРИРААТ „Понекогаш е нормално да се гледа низ магла, но ако е присутно …

STREAMER.MK