МАКЕДОНИЈА

Голем одрон на автопатот Скопје – Велес, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Поради одрон на автопатот Скопје – Велес пред наплатната станица „Сопот“,
сообраќајот на тој потег вечерва се одвива по една коловозна лента, информираат
од Јавното претпријатие „Македонија пат“.

Станува збор за поголем одрон во должина од 80 метри, поради што се апелира на
зголемена внимателност при движењето на овој патен правец.

Екипите на „Македонија пат“ вечерва со механизација работат на расчистување на
одронот од камења што паднаа на автопатот спроти железничката станица „Рајко
Жинзифов“.

> „Сообраќајот не е запрен, туку полицијата го регулира наизменично, од едната,
> па од другата страна на автопатот. Со ‘скипер‘ се работи на расчистување на
> одроните од камења“,
>
> се вели во соопштението од претпријатието.

Се очекува наскоро патот да биде расчистен и сообраќајот нормално да
функционира.

Голем одрон на автопатот Скопје – Велес, сообраќајот се одвива по една коловозна лента


ПОВРЗАНО

🟥 ШОК! ВМРО-ДПМНЕ АЛАРМИРА: „КЛАНОТ ЗАЕВ“ ДОБИЛ 1,4 МИЛИОНИ ЕВРА ИПАРД – НИКОЛОВСКИ НАВОДНО „ВОЗВРАЌАЛ УСЛУГИ“?!

STREAMER.MK

🛑Филипче уште збор не изговорил, а демантот веќе е подготвен – класика од политичката сцена

STREAMER.MK

🛑СТОП ЗА ССО И РОДОВО-СЕНЗИТИВНИ КОНЦЕПТИ: Родителите бараат Јаневска да не ги повтори грешките на Царовска

STREAMER.MK