МАКЕДОНИЈА

Генералниот секретар на ITUC со писмо до Мицкоски: Загриженост за притисоците врз синдикатите

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) соопшти дека работниците во земјата добиле поддршка од Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC), најголемата синдикална организација во светот, по големиот работнички протест одржан вчера за зголемување на минималната и на работничките плати. Според ССМ, „десетина илјади работници“ учествувале на протестот, при што, како што наведуваат, покажале дека не потпаѓаат под притисоци, закани и уцени во нивната борба за повисоки плати. ССМ: Работниците нема да се откажат од барањата Од синдикатот велат дека наместо да се преземат мерки за зголемување на минималната плата, притисокот врз работниците се зголемува со цел тие да се откажат од своите барања. „Работниците не се сами во борбата за зголемување на нивните плати“, наведуваат од ССМ, додавајќи дека покрај домашната поддршка од синдикатот, пристигнала и меѓународна солидарност. Писмо од генералниот секретар на ITUC Генералниот секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати, Лук Триангл, испратил писмо до ССМ, но и до Владата и Собранието, во кое изразува загриженост поради, како што се наведува, извештаи за кампањи насочени кон дискредитирање на синдикатите. „Ви пишувам во име на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC), која претставува 191 милион работници во националните синдикални централи во 169 земји, вклучително и во Северна Македонија, за да ја изразам нашата сериозна загриженост во врска со неодамнешните извештаи за кампањи насочени кон клеветење и нарушување на угледот на синдикатите“, се наведува во дел од писмото. Во писмото се изразува и загриженост поради информации за, како што се наведува, незаконски надзор врз синдикални лидери и членовите на нивните семејства, што, според ITUC, може да претставува мешање во правото на работниците да се здружуваат и организираат. Најавена посета на генералниот секретар на ITUC Од ССМ информираат дека е најавена и посета на генералниот секретар на ITUC, Лук Триангл, на Македонија, како дел од поддршката на меѓународното синдикално движење за борбата на работниците за повисоки плати и подобри работнички права.

Генералниот секретар на ITUC со писмо до Мицкоски: Загриженост за притисоците врз синдикатите


Генералниот секретар на ITUC со писмо до Мицкоски: Загриженост за притисоците врз синдикатите

ПОВРЗАНО

🟥 ШОК! ВМРО-ДПМНЕ АЛАРМИРА: „КЛАНОТ ЗАЕВ“ ДОБИЛ 1,4 МИЛИОНИ ЕВРА ИПАРД – НИКОЛОВСКИ НАВОДНО „ВОЗВРАЌАЛ УСЛУГИ“?!

STREAMER.MK

🛑Филипче уште збор не изговорил, а демантот веќе е подготвен – класика од политичката сцена

STREAMER.MK

🛑СТОП ЗА ССО И РОДОВО-СЕНЗИТИВНИ КОНЦЕПТИ: Родителите бараат Јаневска да не ги повтори грешките на Царовска

STREAMER.MK