Uncategorized

ГАЛЕРИЈА | Расцепот кај Теферич ќе го проголта патот

blank

Ужасни се сликите кои денес можат да се видат доколку се помине покрај патот кон Теферич, кој иако пред еден месец пропадна и беше затворен за сообраќај додека да се најде решение за оваа проблематично место кое низ годините постојано се свлекува, изминативе денови имаше уште едно, многу поголемо и поопасно свлечиште.
ВИДЕО | Свлечиштето кај Теферич сè повеќе се проширува, патот е буквално преполовен

Ако тогаш едниот дел од патот беше одделен, асфалтот раскршен и пропаднат цел метар, денес ситуацијата е значително полоша – патот е одделен повеќе од неколку метри и свлекувањето продолжило надолу, но и странично, каде пропаднал и дел од ивичникот и заштитната ограда.
Жителите своето незадоволство за бројните неуспешни, неквалитетни и донекаде избрзани реновирања на патот го искажаа преку напишана порака на пропаднатата сообраќајница упатена до градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска: „Бети пази да не паднеш!“
Пропаднатиот пат кон Теферич / Фото: „Слободен печат“ – Драган Митрески
Ова следи откако по првичното свлекување на патот во февруари, Трајкоска објави фотографии од увидот на местото на кои можеше да се забележи како таа, заедно со нејзиниот колега од Сопиште Јане Мицевски, застанаа над пропаднатиот асфлат и „ѕиркаа“ надолу кон расцепите.
Во галеријата подолу можете да ја погледнете моменталната состојба во која се наоѓа колабираниот пат кон Теферич.
Пропаднатиот пат кон Теферич / Фото: „Слободен печат“ – Драган Митрески
Пропаднатиот пат кон Теферич / Фото: „Слободен печат“ – Драган Митрески
Пропаднатиот пат кон Теферич / Фото: „Слободен печат“ – Драган Митрески
Пропаднатиот пат кон Теферич / Фото: „Слободен печат“ – Драган Митрески
Пропаднатиот пат кон Теферич / Фото: „Слободен печат“ – Драган Митрески
Пропаднатиот пат кон Теферич / Фото: „Слободен печат“ – Драган Митрески
Пропаднатиот пат кон Теферич / Фото: „Слободен печат“ – Драган Митрески
The post ГАЛЕРИЈА | Расцепот кај Теферич ќе го проголта патот appeared first on Слободен печат.

ВИДЕО | Свлечиштето кај Теферич сè повеќе се проширува, патот е буквално преполовен


ГАЛЕРИЈА | Расцепот кај Теферич ќе го проголта патот

Автори:

ПОВРЗАНО

🔴 ВО ЖИВО: Вонреден прес на премиерот Мицкоски за кризната состојба и цените

STREAMER.MK

📽️АВИОНИТЕ ПОЛЕТУВААТ И БЕЗ ПАТНИЦИ ЗА ДА НЕ СЕ ЗАТВОРИ АЕРОДРОМОТ Еден час затворен аеродром во Дубаи чини стотици милиони долари

STREAMER.MK

📽️ ХОРОР НА „ЕНФИЛД“, ФУДБАЛЕР ВРЕСКАШЕ ОД БОЛКА Ланг се здоби со страшна повреда, веднаш пренесен во болница

STREAMER.MK