ХРОНИКА

Во три одделни случаи реагирала полицијата, скопјани си ги претепале партнерките

Три пријави за физички напади врз партнерки биле евидентирани во текот на вчерашниот ден и синоќа во Скопје.

Од МВР информираа дека утрово во 4 часот 35-годишна жена пријавила дека во Чаир била физички нападната од нејзиниот 24-годишен партнер.

Синоќа, пак во 22 часот Центар, полицијата уапсила 52-годишен скопјанец, постапувајќи по претходна пријава дека околу 17 часот во домот физички ја нападнал неговата 32-годишна партнерка.

Претходно пак, во 17:50 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР – Скопје извршиле службен разговор со 45-годишен скопјанец, по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 48-годишна вонбрачна партнерка.

Во три одделни случаи реагирала полицијата, скопјани си ги претепале партнерките


ПОВРЗАНО

🚨 НОЌНА РАЦИЈА! Еве во кој локал „ПАДНАА“ девојки со сомнителен престој !

STREAMER.MK

🔴 ОДМАЗДА ПОДГОТВУВАНА ВО СКОПЈЕ: ОРУЖЈЕ, БОМБА И ТАЈНА ЌЕЛИЈА

STREAMER.MK

📽️ 📷 ЕКСПЛОЗИЈА ВО РИМ Плинска боца урна зграда, две лица сериозно повредени

STREAMER.MK