Бугарската полиција вечерва спроведе масовна акција во која е запленето огромно количество фалсификувани пари, објавуваат бугарските медиуми.
Според првичните информации на бугарските медиуми, пронајдени се околу еден милион лажни евра во банкноти од по 100 евра.
Единицата за спречување перење пари и фалсификување (GDBOP) ги открила парите спакувани во кутии и кеси, скриени во автомобили на неколку различни локации низ Софија.
Пет лица, меѓу кои и странски државјани, беа уапсени. Операцијата е сè уште во тек.
The post Во Софија се запленети околу еден милион фалсификувани евра appeared first on Слободен печат.

