Од 21 до 29 октомври, Скопје ќе биде домаќин на Европското првенство во модерен, џез и класичен балет – еден од најреномираните танцови настани на континентот. Првенството ќе се одржи во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и ќе обедини повеќе од 3.500 танчери од над 30 европски држави.
Организаторот, студиото „Брејк А Лег“, најавува девет дена интензивна програма со натпревари во различни танцови дисциплини, како и дополнителни културни и промотивни активности, со присуство на голем број странски гости, тренери и љубители на танцот, што дополнително ќе придонесе за промоција на Скопје и Македонија како значајна културна и туристичка дестинација.
Во октомври Скопје домаќин на Европското првенство во модерен, џез и класичен балет

