Во преговорите со Иран, како што рече, учествуваат потпретседателот Џеј Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) водат преговори со Иран и дека Техеран сака да постигне договор.
Во исто време додаде дека нападите меѓу САД и Израел веќе доведоа до промена на режимот.
Американскиот претседател Донал Трамп дава изјава за медиумите во Белата куќа / Фото: Притнскрин
„Разговараме со вистинските луѓе и тие навистина сакаат да постигнат договор“,
рече Трамп за време на своето обраќање пред новинарите во Белата куќа.
Ги повтори претходните тврдења дека Иран повеќе нема морнарица, воздухопловни сили или комуникациски системи.
Операцијата на САД, пак, ја нарече како огромен успех.
Во преговорите со Иран, како што рече Трамп, учествуваат потпретседателот Џеј Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио.
„Тие би сакале да постигнат договор. А кој не би го сторил тоа на нивна позиција?“,
кажа тој.
Тој додаде дека најголемиот проблем за Иран е тоа што, како што кажа, дека неговите комуникациски системи се уништени.
Speaking to reporters earlier at the White House, President Trump mentions and vaguely talks about a mysterious “present” given to the United States yesterday by Iran:
“Because they’re going to make a deal. They’re going to make a deal. They did something yesterday that was… pic.twitter.com/Wo3HBVl35d
— OSINTdefender (@sentdefender) March 24, 2026
Според него, иранскиот режим веќе се согласил со фактот дека земјата никогаш нема да има нуклеарно оружје, што веќе неколку пати претходно го повтори за време на конфликтот.
„Сите нивни лидери се убиени, потоа се состанаа за да изберат нови, а ние ги убивме и нив. Сега имаме нова група, ќе видиме како ќе испадне“,
вели Трамп.
Посочи дека нападите меѓу САД и Израел доведоа до промена на режимот, додавајќи дека сепак не му верува на никого.
Трамп, исто така, тврдеше дека Иран им дал на САД многу значаен подарок поврзан со нафтата и гасот и Ормускиот теснец, но не даде повеќе детали.
„Ќе постигнат договор. Вчера направија нешто неверојатно. Ни дадоа подарок, а подарокот пристигна денес. Беше многу голем подарок вреден огромна сума пари. Нема да ви кажам каков беше подарокот, но беше многу значајна победа. Тоа за мене значеше едно – да разговарам со вистинските луѓе. Тоа не е поврзано со нуклеарното прашање. Поврзано е со нафтата и гасот. И беше многу убаво нешто што тие го направија“,
кажа американскиот претседател.
На прашањето колку е оптимист во врска со мировниот договор, тој кратко одговори дека оваа војна е добиена.
Белата куќа вели дека плановите за разговори меѓу САД и Иран остануваат „флуидни“, цената на нафтата е повторно над 100 долари за барел
The post (ВИДЕО) Иран ни даде огромен подарок поврзан со нафтата – вели Трамп appeared first on 360 степени.
(ВИДЕО) Иран ни даде огромен подарок поврзан со нафтата – вели Трамп

